19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлегри во Њукасл – ќе добие 400 милиони за засилувања

Алегри во Њукасл – ќе добие 400 милиони за засилувања

Саудискиот принц Мохамед бин Салман наскоро ќе стане сопственик на фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед. Новиот газда за преземање на клубот ќе потроши 390 милиони евра. Англиските медиуми најавуваат дека принцот има големи планови со клубот од „Сент Џејмс Парк“.

Прв тренер на Њукасл во ерата на бин Салман треба да биде Масимилијано Алегри пишуваат англиските медиуми. Алегри речиси една година е без работа откако се раздели со Јувентус, но остана на платниот список на клубот од Торино.

Алегри од новиот газда ќе добие 400 милиони евра за засилувања.

Целта на принцот е да го врати Њукасл во врвот на англискиот фудбал, односно со Алегри на чело на тимот во наредните години да ја нападне титулата во Премиерлигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП