26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈААзески во Топ Тема: „Црвената нафта“, се злоупотребува поради пониската цена, односно...

Азески во Топ Тема: „Црвената нафта“, се злоупотребува поради пониската цена, односно се употребува како замена за дизелот

Изедначување на акцизата на Екстра лесното гориво со дизелот би се спречиле масовните злоупотреби кои се прават и предизвикуваат дупка во буџетот, но и еколошка штета. 

За Топ Тема, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески рече дека неосновани се реакциите против зголемувањето на акцизата на нафтените деривати, во моментов цената на горивата е многу ниска.

„Во овој момент имаме огромен пад на цената на горивата, пад во потршувачката на горивата, а како човек што познава дека тоа е сериозна ставка во полнењето на буџетот, јас ги знам последиците од таа работа. Како разумен човек, морам да бидам одговорен и да ги земам предвид сите аспекти, тие аспекти говорат дека во овој момент треба да се искористат сите внатрешни разерви пред да почнеме да земаме пари од надвор. А тие внатрешни резерви се да ги онвозможиме сите кражби, да ги оневозможиме сите нерегуларности коишто постојат во државата, да направиме целосна рационализација во државниот апарат“, нагласи Азески.

„Eкстралесното гориво се злоупотребува кај нас на различен начин со години и поради пониската цена се употребува како замена за дизелот, оценувајќи дека е крајно некоректно во услови кога умираат луѓе и кога се наоѓаме во ваква криза да се толерираат такви работи“, додаде Азески.

Тој посочи дека несериозно би било да се предлагаат само мерки со кои ќе се земаат пари од Буџетот, а да нема мерки со кои ќе се овозможи и да се слеваат пари.

Изедначувањето на акцизата на „црвената нафта“ и дизелот, освен поголеми приходи во буџетот, според пресметките на Стопанската комора може да резултира и со намалување на емисијата на сулфур во воздухот за 100 пати од 50 илјади килограми, на 500 килограми на годишно ниво.

Министерството за финансии се уште е во фаза на подготовка на анализи, по што ќе излезе со конкретен предлог до Владата.

Евентуалните злоупотреби државата може да ги реши со изедначување на акцизата на овие две горива, што потоа ќе ја врати на оние корисници што ќе докажат дека го користеле екстра лесното гориво за законски утврдените цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП