9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСЗО: Нема доволно информации дали закрепнатите од коронавирус стекнуваат имунитет

СЗО: Нема доволно информации дали закрепнатите од коронавирус стекнуваат имунитет

Научниците од светската здравствена организација велат дека сè уште немаат доволно информации за да заклучат дали луѓето се имуни на последователни инфекции од COVID-19 по закрепнувањето од болестa.

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) за итни случаи, д-р Мајкл Рајан, на денешниот брифинг изјави дека се претпоставува дека луѓето кои биле заразени со коронавирус и кои имаат докажано ниво на антитела, би требало да имаат одреден степен на заштита, но дека „ние едноставно сè уште не знаеме колку трае тој временски период“.

Изјави дека научниците можат да проценат врз основа на имунитет од други коронавируси, но дека и тие податоци се прилично ограничени.

Епидемиологот кој работи за СЗО, д-р Марија Ван Керхов, изјави дека информациите кои СЗО ги има за одговор на антитела и имунитет се “мешани” и дека им требаат многу повеќе информации за закрепнените пациенти.

Таа изјави дека повеќе од 3.000 пациенти до сега се опоравиле од оваа болест и дека се во тек бројни истражувања за да се обиде да одговори на прашањето за имунитет.

„Моментално немаме целосна слика за тоа како изгледа имунитетот“, изјави таа. „А додека тоа не го сториме, не можеме да дадеме целосен одговор“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП