
Еден од најексклузивните светски брендови кои произведуваат шампањ, „Gout de Diamants“, неодамна најави лансирање на најскапите шишиња шампањ досега…


Еден од најексклузивните светски брендови кои произведуваат шампањ, „Gout de Diamants“, неодамна најави лансирање на најскапите шишиња шампањ досега…

Како што е очекувано, зад креацијата на овие шишиња стои името на познатиот дизајнер, Александер Амосу. Шишето е специјално дизајнирано за приватни клиенти на овој бренд, и секако, уникатно е.

Цената исто така е уникатна, како и самото шише, 1,2 милиони фунти, односно 1,8 милиони долари.

Многу брзо ќе заборавите на цената кога само еднаш ќе го погледнете ова ремек дело – фантастичниот дизајн е направен да привлекува внимание.

Вашето име може да биде изгравирано на шишето од 18-каратно злато, кое е тешко околу 36 грама. А тука е и етикетата, направена од 18-каратно бело злато, а тежи околу 48 грама, украсена со само еден, но доволно вреден дијамант со тежина од 19 карати.
