26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд дешифриран папирус откриена древна египетска "сексуална магија"

Од дешифриран папирус откриена древна египетска “сексуална магија”

Не е тајна дека во древен Египет имало магични ритуали чија цел биле да го привлечат спротивниот пол, но тие биле користени исклучиво од мажи кои бараат жени, а не обратно, како што покажува неодамнешниот дешифриран папирус.

Додека го дешифрирале папирусот стар 1.800 години, научниците од Универзитетот во Чикаго откриле „еротска магија за спојување“, односно обид да се освои наклонетост на маж кој се викал Кефалас, по кој го копнеела жената наречена Таромевеј.

Според извештаите на медиумите, на папирусот е нацртан древниот египетски бог Анубиус, кој со стрела го гаѓа голиот Кефалус, додека во текстот се повикува „дух на благороден човек од некрополата“ да го натера Кефалус да биде нервозен напладне, навечер и во секое време, сè додека не ја пронајде целта на магијата – Таромевеј, со „неговите машки органи кои ги прогонуваат нејзините женски органи “.

„Неговиот нагласен пенис и скротум се нарекувани како „ машки органи “ поради кои таа сака да го маѓепса“, рекол професорот Роберт Ритнер, египтолог од Универзитетот во Чикаго, кој работи на преводи од папирус.

Ритнер и неговиот колега Фој Скалф забележуваат дека иако постојат познати слични магични обреди во антички Египет, тие обично ги користеле мажите кои сакале да „маѓепсаат“ жени, а не обратно, како во овој случај.

Магијата најверојатно ја извршувал изнајмен стручњак, најверојатно свештеник, додал Ритнер.

„Таромевеј мора да била стимулирана од некои други средства за еднократна употреба“, рекол тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП