18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром купува гасовод за еден долар

Газпром купува гасовод за еден долар

gazprom1

Руската влада го усвои нацрт договорот меѓу Русија и Киргистан за соработка во областа на транспортот, дистрибуцијата и продажбата на гас на територијата на Киргистан.

Нацрт договорот, кој се заклучува на 25 години, го припреми министерството за енергетика на Русија, соопштено е на сајтот на руската влада.

Киргистанската страна на својата територија ќе обезбеди основање на сто проценти од зависната компанија „Киргизгас“ во чија сопственост ќе прејдат гасоводи, станици за дистрибуција на гасот, подземни складишта за гасот, земјиште и друг имот, права и интереси наведени во нацрт планот.

Врз основа на договорот за купопродажба меѓу „Киргизгас“ и „Газпром“ во сопственост на „Газпром“, по пат на директна продажба, ќе прејде стопроцентен дел од основниот капитал на компанијата. Вредноста на делот е одредена на еден долар.

„Киргизгас“ ќе извршува испораки на гас на територијата на Киргистан, подземно чување на гасот, изградба, реконструкција и експлоатација на системот за транспорт и дистрибуција на гас и други инфраструктурни објекти за гас во таа земја.

Руската страна гарантира адекватно вложување во модернизација и реконструкција на гасната инфраструктура во износ од најмалку 20 милијарди рубли (470 милиони евра) во текот на пет години од денот на регистрацијата на сопственоста на 100 проценти од делот во „Киргизгас“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП