28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на швајцарската индустрија преполовен

Растот на швајцарската индустрија преполовен

швај1

Растот на индустриското производство во Швајцарија во третиот квартал од минатата година е значително забавен на годишно ниво, покажаа прелиминарните податоци на локалниот завод за статистика.

Индустриското производство во периодот од јули до септември во 2012 година, е зголемено за 2,2 проценти во однос на истиот период минатата година, наспроти растот од 4,7 проценти во вториот квартал во 2012 година, објавија од заводот за статистика.

Забавен е и растот на локалната индустрија. Во третиот квартал тој е зголемен за 2,3 проценти, во споредба со 3,3 процентниот раст кој беше остварен во претходниот квартал.

Во истиот период, новите индустриски нарачки се намалени за 0,7 проценти на годишно ниво, додека во вториот квартал паднаа за 1,6 проценти.

Неизвршените нарачки, исто така, се намалени и тоа за 3,9 проценти на годишно ниво, откако во вториот квартал останаа непроменети, покажуваат податоците на заводот за статистика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП