19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија продала оружје за 15 милијарди долари

Русија продала оружје за 15 милијарди долари

rus

Како втор по големина извозник на оружје во светот, Русија во минатата година продала оружје за рекордни 15,2 милијарди долари (11,4 милијарди евра).

Истовремено Русија ја проширила својата листа на клиенти на нови земји во Африка.

„Обемот на извозот на оружје и воена опрема достигна вредност од 15,16 милијарди долари“, изјавил шефот  на федералната служба за воено техничка соработка, Александар Фомин, пренесува агенцијата AFP.

„Нашите планови се исполнети со 111,8 проценти“, изјавил Фомин, додавајќи дека станува збор за прелиминарни податоци и дека конечните податоци би требале да бидат објавени во почетокот на февруари.

Русија се наоѓа веднаш зад САД кога станува збор за извоз на оружје, а во изминатите две години успеала да ја зголеми својата продажба за 46 проценти.

Договорите на Русија во 2011 достигнаа вредност од 13,2 милијарди евра, а во 2010 година вредност од 10,4 милијарди долари, првенствено заблагодарувајќи се на односите со Индија и Кина.

Фомин рече, дека на новата листа на руски клиенти во 2012 година се појавиле и некои нови земји, како што се Гана, Оман и Танзанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП