29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛековито какао - Еве зошто чаша дневно од овој пијалок е важна...

Лековито какао – Еве зошто чаша дневно од овој пијалок е важна за имунитет!

Не станува збор само за вкусен пијалок, туку и лек кој би требало да се зема секој ден.

Поради богатството на флавоноиди, какаото поволно влијае на еластичноста на артериите и вените. Жените кои три месеци секојднево пиеле шолја антиоксиданти богата со какао, добиле помека, влажна, затегната и на изгореници од сонце помалку чувствителна кожа, покажале истражувањата.

Истражувањата потврдиле дека и какаото го потикнува мозокот да произведува ендорфин, кој доведува до релаксација, олеснување на стресот и болката. Го стимулира и лачењето на допамин и серотонин, кој го подигнува нивото на расположение. Во ова лежи одговорот зошто депресивните луѓе јадат чоколадо во огромни количини.

Истражувањето спроведено во Велика Британија покажало дека какаото штити од срцеви болести и мозочен удар. Дневно една шолја од овој пијалок спречува формирање на тромб, односно згрутчување на крвта, кој ако стигне до срцето и мозокот, може да предизвика срцев удар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП