25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДвајца работници заразени, a Amazon не ги затвора центрите

Двајца работници заразени, a Amazon не ги затвора центрите

Компанијата Amazon потврди два нови случаи на зараза со коронавирусот во своите објекти во Соединетите Држави, во Мичиген и Оклахома.

Меѓутоа, Amazon нема да ги затвори своите центри во кои дошло до инфекција бидејќи се соочува со зголемена побарувачка за испорака на стока поради избувнувањето на епидемијата, објави Financial Times.

До тоа дојде откако група сенатори на САД ја изразија својата загриженост до Џеф Безос во врска со безбедноста на процесите на Amazon внатре во компанијата поради епидемијата, а потенцијално и за потрошувачите.

Еден работник од центарот за сортирање во Браунстоун, Мичиген последен пат на работното место бил на 16 март, но сега е во карантин и му се укажува лекарска помош, потврди Amazon откако FT го контактирал. Според компанијата, работникот во тој период добива целосна плата.

Amazon наведува дека им кажал на “неколкумина” вработени кои биле во “близок” контакт со тој работник да останат дома 14 дена, како и дека за тоа време ќе бидат платени.

Според некои проценки, во тој центар за сортирање има околу 300 вработени, објави FT.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП