28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFord: Кризата во европската автомобилска индустрија го достигна дното

Ford: Кризата во европската автомобилска индустрија го достигна дното

ford1

Големата криза во европскиот автомобилски сектор, која предизвика пад на продажбата и ги принуди производителите да превземат големи загуби и да го намалат производството, се чини дека го достигна дното, изјави извршниот директор на американскиот Ford за Европа, Стефан Одел.

„Индикаторите ни кажуваат дека пазарот на автомобили во еврозоната ќе престане да тоне и ќе почне да покажува знаци на стабилност. Европскиот пазар од наредната година би требало да започне да бележи раст“, изјави Одел.

Тој изјави дека и покрај фактот дека стапката на невработеноста во еврозоната од 12,2 проценти е исклучително висока, повеќето знаци покажуваат на закрепнување и подобрување на состојбата.

Годишното темпо на продажба на автомобили во Европа во моментов изнесува 13,5 милиони единици, што е значително под 18 милиони продадени единици во 2007 година.

„Ford“ во Европа загуби 462 милиони долари во првиот квартал, што сепак беше неутрализирано со профитот од 2,4 милијарди долари кои беа остварени во Северна Америка.

Според Одел, „Ford“ има постигнато договор со синдикатите за затворање на две фабрики во Велика Британија и една во Белгија, а се очекува дека овие три фабрики, кои сочинуваат околу 18 проценти од капацитетот на „Ford“, во еврозоната ќе бидат затворени идната година.

Во рамките на реконструкцијата, „Ford“ ќе го произведува следниот модел на “Mondeo” во Валенсија, каде што, исто така, ќе се зголеми производството за да се задоволи побарувачката за новиот модел на “Kuga”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП