29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФранција го казни Apple со 1,1 милијарди евра

Франција го казни Apple со 1,1 милијарди евра

Француските регулатори денес донесоа одлука да ги казнат производителите на iPhone со 1,1 милијарди долари поради кршење на прописите за конкуренција на пазарот.

Според Reuters, технолошкиот гигант е казнет поради оневозможување на конкуренцијата во својата дистрибутивна мрежа и кршење на економската независност на препродавачите.

Трговците на големо Tech Data и Ingram Micro, исто така се казнети со 76 милиони и 63 милиони евра поради незаконски пракси за договарање на цени, соопшти францускиот регулатор.

„Apple и неговите двајца продавачи на големо Tech Data и Ingram Micro се согласија да не се натпреваруваат меѓусебно, како и да спречат конкуренција меѓу дистрибутерите, со што ја “стерилизираа” продажбата на големо на Apple производите на пазарот“, соопшти Изабел де Силва, шефица на француската агенција за заштита на конкуренцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП