24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапиот имот во Европа: Ги имитира првите облици на живот во пештера...

Најскапиот имот во Европа: Ги имитира првите облици на живот во пештера (видео)

Babl Palas е името на најскапиот имот во Европа. Имено, станува збор за сопственост на славниот италијански дизајнер Пјер Карден.

Имотот се наоѓа во местото во склоп на планинскиот ланец Massif de L’Esterel во јужна Франција.

Пјер Карден е познат по авангардниот стил и дизајн полн со геометриски облици и мотиви, па не треба да чуди што му се допаѓало Babl Palas со поглед на Средоземното море, а кој го изградил унгарскиот архитект Анти Ловаг, имитирајќи ги првите облици на животот на луѓето во пештери.

Резиденцијата е изградена помеѓу 1975 и 1989 година, се простира на отприлика 1.200 м2, а опфаќа десет соби, 11 купатила, три базени, неколку градини, како и амфитеатар на отворено со 500 места.

Овде со децении се одржувале модни ревии, се снимале филмови и се одржувале бурни забави на познати личности од јавниот живот.

Имотот веќе некое време се наоѓа на продажба, а цената му е околу 360 милиони евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП