19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРусите градат пловечка нуклеарна електрана

Русите градат пловечка нуклеарна електрана

float007

Бродот „Akademik Lomonosov“ кој ќе се користи како нуклеарна централа Русија почна да го гради во 2007-та година, а ќе претставува почеток на флотата на бродови кои ќе можат да донесат енергија до оддалечените и тешко достапните руски градови.

Се очекува Русија за само три години да почне да ја користи првата пловечка нуклеарна електрана. Овој број со електрана ќе нуди енергија, топлина и питка вода за пиење на тешко достапните места во големата земја.

Првиот брод би требало да биде готов до наутичкиот саем во Санкт Петерсбург во 2016-та година и ќе се нарекува „Akademik Lomonosov“, според Михаил Василијевич Ломоносов научник од 18-тиот век.

Бродот ќе биде почеток на малата флота на пловечки нуклеарни електрани. Тие се дизајнирани за да им донесат енергија на големите индустриски компании, отсечените градови и платформите во морето. Генераторите на бродот се темелат на нуклеарните реактори кои веќе со години се користат во мразокршачите во екстремните арктички услови.

Должината на бродот е 144 метри и има место за посада од 69 членови. Секој брод ќе има по два реактори кои заедно ќе произведуваат 70 MW електрична енергија или 300 MW топлина, што би требало да биде доволно за градови до 200.000 жители. Бродот може да се модифицира и во машина за дестилација со што ќе произведува дневно по 240.000 кубни метри свежа вода.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП