28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на продажбата на компјутери, Lenovo нов лидер

Пад на продажбата на компјутери, Lenovo нов лидер

pc

Глобалната продажба на персонални компјутери се намали за 10.9 проценти во вториот квартал од годината, а лидер на пазарот повеќе не е американската компанија „HP“ која беше претекната од кинеската „Lenovo“.

Во вториот квартал од годината се продадени вкупно 76 милиони компјутери, додека за истиот период во претходната година продажбата изнесувала 85 милиони. Ова е петти последователен квартал со намалување на продажбата.

Според експертите ова е најдолгиот период на опаѓање на продажбата во историјата на пазарот на компјутери. Според аналитичарот Микако Китагава овој пад е директно поврзан со доаѓањето на пазарот на евтините таблети и други слични уреди кои ги засенија стандардните компјутери.

Во моментов кинеската компанија „Lenovo“ ја предводи листата за продажба со 16.7 проценти удел на пазарот или 12.7 милиони продадени компјутери. Кинеската компанија се бореше доста време за првото место со лидерот „HP“ кого успеа со многу малку проценти да го престигне.

„HP“ има 16.3 проценти од пазарот со 12.4 милиони продадени компјутери, а падот во нејзината продажба во споредба со претходната година е 4.8 проценти, а пак кај новиот лидер „Lenovo“ е 0.6 проценти. На третото место се наоѓа американската компанија „Dell“ со пазарен удел од 11.8 проценти и 9 милиони продадени компјутери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП