11 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМислите дека цигарите ве смируваат? Еве зошто живеете во заблуда

Мислите дека цигарите ве смируваат? Еве зошто живеете во заблуда

Иако многу пушачи на цигари тврдат како таа зависност им помага бидејќи им ги смирува нервите, новите истражувања покажаа дека пушењето цигари всушност може да го влоши менталното здравје, објави News18. Истражувачите од Универзитетот во Ерусалим анкетирале над 2.000 студенти со различно социо-политичко и економско потекло.

Студијата објавена во списанието PLOS ONE открила дека студентите кои пушат цигари страдале од клиничка депресија два до три пати повеќе од нивните врсници кои не пушат. На Универзитетот во Приштина, дури 14 проценти од студентите пушачи изјавиле дека некогаш страдале од депресија, во споредба со четири проценти од непушачите.

На белградскиот универзитет, бројките се исто така одат во прилог на непушачите – 11 проценти од непушачите изјавиле дека имаат депресија, додека кај пушачите 14 проценти.

Студентите пушачи, исто така имале повисоки стапки на симптоми на депресија и лоши резулатати на менталното здравје како што се животна сила и социјално функционирање.

„Нашата студија покажува дека има се поголем доказ како пушењето и депресијата се тесно поврзани“, вели професорот Хагај Левин од хебрејскиот универзитет во Ерусалим. Иако можеби е рано да се каже дека пушењето предизвикува депресија, се чини дека тутунот има штетни влијанија врз нашето ментално здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП