3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен одмор на островот „Mekepease“

Луксузен одмор на островот „Mekepease“

mak1

Сопственик на овој прекрасен остров во форма на срце е Сер Ричард Бренсон, газдата на „Virgin Group“. Островот се наоѓа на реката Носа во Австралија и е наречен „Makepeace“.

До него лесно се пристапува со бротче или со хеликоптер, а Бренсон го има купено во 2003 година со цел неговите вработени од Австралија да го употребуваат како еколошки центар за ритрит. Денеска секој може да помине неверојатен одмор на овој остров распослан на 25 ара, на кој истовремено луксузно можат да се сместат 22 гости.

Цената на ноќевање за еден човек изнесува 8.000 американски долари, а за тие пари ќе добиете уживање во огромниот базен, вилата направена од бамбус, раскошната градина, тениските игралишта, барот, сауната и прекрасните плажи.

Во вилата од бамбус има 3 огромни апартмани, а на островот има и уште 3 дополнителни помали вили. Градината и ентериерот насекаде низ островот изобилува со прекрасни скулптури, специјално дизајниран индонезиски мебел, џакузи од вулкански карпи и украсно осветлување.

Уживајте во прекрасните фотографии…

mak2

mak3

mak4

mak5

mak6

mak7

mak8

mak9

mak10

mak11

mak12

mak13

mak14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП