1 јули, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот рачен часовник од Piaget

Луксузниот рачен часовник од Piaget

pia1

Овој рачен часовник е изработен од луксузната швајцарска компанија „Piaget“, која се занимава со изработка на часовници и накит. Моделот е направен за да им оддаде почит на 12 легендарни згради на градот Њујорк, во кои е вклучена и Статуата на слободата.

Зградите се поставени на црната основа на часовникот, помеѓу римските броеви кои ги означуваат часовите. Тој е придвижуван од механизам изработен од самата компанија, кој е составен од 163 компоненти, од кои 27 се скапоцени камења.

pia2

Две прекрасни гравури се наоѓаат на двете страни од часовникот, едната прикажувајќи го Менхетен со двата главни мостови, другата прикажувајќи го Њујорк од Статуата на слободата. Круната на часовникот е направена од 18-каратно бело злато со гламурозен дијамант во средината. Ремчињата се од алигаторска кожа.

pia3

Од овој модел се изработени само три парчиња, што го прави часовникот уникатен и ексклузивен. Неговата цена засега останува тајна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП