Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,301.16 -0.35%    FERS 59,500.00 8.06%    GRNT 975.00 -1.57%    KMB 5,882.48 -0.26%    MPT 67,967.90 -0.05%    RZEK 68.00 41.67%    SBT 2,765.00 -2.98%    STB 1,183.55 2.97%    STIL 66.00 9.2%    TNB 16,102.00 -1.21%    TTK 1,250.00 2.46%    UNI 2,075.64 -0.22%    

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13(видео)

Време: 11:10

Датум: февруари 26, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?

Национална аеронаутичко-вселенска управа или скратено НАСА, објави видео од Месечината, видена низ очите на астронаутите кои учествуваа во неуспешната мисија на Аполо 13. Тие го направиле видеото во 4K-резолуција користејќи ги податоците од роботско летало на НАСА кое орбитира околу Месечината.

НАСА соопшти дека астронаутите биле во темнина осум минути кога биле помеѓу заземјувањето и изгрејсонцето сè додека не се појавил лунарниот терен. Преку видеото, вселенската агенција ве носи околу Месечината повеќе од една минута.

НАСА вели снимката е направена кога Аполо 13 ја воспоставил радиоврската со контролата на мисијата. Видеото завршува со прикажување на траекторијата кога ја заобиколиле Месечината за да се вратат безбедно дома.

Вселенскиот брод Аполо 13 бил лансиран на 11 април 1970 година, во 13 часот и 13 минути од Вселенскиот центар Кенеди на Флорида. По 30 часа од летот, Аполо 13 ја напуштил орбитата на Земјата и влегол во вселенскиот простор. За тоа време, астронаутите направиле бројни фотографии на нашата планета. На одалеченост од 320.000 километри од Земјата, 56 часа по лансирањето, членовите на екипажот слушнале силна експлозија, по што вселенскиот брод останал без електрична енергија. Астронаутите прво мислеле дека метеор удрил во лунарниот модул, но се утврдило  дека експлодирал еден резервар со кислород.

Во тој момент, Лоувел ја изговара познатата реченица: „Houston, we’ve had a problem“. Мисијата морала да биде прекината, а астронаутите биле принудени да најдат начин да се вратат безбедно на Земјата. На 17 април 1970 година, Аполо 13 слетал во јужниот дел на Пацификот наместо предвиденото место во Индискиот Океан. Тоа е најдалечна досега изведена човечка мисија, бидејќи леталото достигнало оддалеченост од Земјата од 400.100 километри. Тие не успеале да се спуштат на Месечината, иако биле на само 253 километри од неа.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Пад на берзите поради тензиите во односите САД и Кина

    Пад на берзите поради тензиите во односите САД и Кина

    Берзите во Европа и Азија денес бележат пад, а ситуацијата е слична и на отворањето на Wall Street, бидејќи инвеститорите се исплашени поради растечките тензии…

  • СЗО загрижена поради се поголемиот број заразени со коронавирус ширум светот

    СЗО загрижена поради се поголемиот број заразени со коронавирус ширум светот

    Сè уште има неколку жаришта на вирусот ширум светот кои предизвикуваат загриженост, изјави високата функционерка на Светската здравствена организација (СЗО), д-р Марија Ван Керхов. СЗО…

  • Кинеските инвеститори со рекордни инвестиции на берзата во Хонг Конг

    Кинеските инвеститори со рекордни инвестиции на берзата во Хонг Конг

    Законот за безбедност во Хонг Конг, кој е веќе усвоен во Пекинг, станува силен поттик за инвеститорите од НР Кина своите средства да ги инвестираат…

  • Филипче предупреди за повторно воведување рестрикции поради непочитување на мерките

    Филипче предупреди за повторно воведување рестрикции поради непочитување на мерките

    Министерот за здравство Венко Филипче порача дека повторно ќе бидат воведени рестрикции во некои места ако тоа го наложи епидемиолошката состојба. Тоа го анализирале денеска…

  • Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја(фото)

    Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја(фото)

    Два авиони на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиони на Грција околу 11 часот извршија прелет над територијата на Република Северна Македонија. Авионите…

  • Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

    Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

    Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале…

  • 20 проценти од рестораните во Бугарија банкротираа за време на корона кризата

    20 проценти од рестораните во Бугарија банкротираа за време на корона кризата

    Во моментов, околу половина од сите ресторани во Бугарија се отворени, додека околу 20 проценти од нив банкротираа поради кризата предизвикана од пандемијата од коронавирус,…

  • Изминатите 24 часа регистрирани 52 новозаразени со КОВИД-19

    Изминатите 24 часа регистрирани 52 новозаразени со КОВИД-19

    Педесет и две лица се заразени со вирусот КОВИД-19 во изминатите 24 часа во земјава, потврди за МИА директорот на Институтот за јавно здравје Шабан…

  • Од 15ти јуни нашите граѓани ќе може да патуваат во Грција

    Од 15ти јуни нашите граѓани ќе може да патуваат во Грција

    Нашата земја е меѓу 29-те држави од Европа и светот, за кои од 15 јуни ќе биде дозволено патување во Грција, според листата од Министерството…

  • Еве која е новата водечка европска дестинација за нови странски инвестиции

    Еве која е новата водечка европска дестинација за нови странски инвестиции

    Франција за прв пат ја зазеде позицијата главна европска дестинација за нови странски инвестиции, оставајќи ги зад себе Велика Британија и Германија, покажа истражувањето во…