27 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕНе ги фрлајте искористените кесички од зелен чај! Еве за што можете...

Не ги фрлајте искористените кесички од зелен чај! Еве за што можете да ги употребите

Иако повеќето од нас откако ќе направиме чај, кесичките веднаш ги фрлеме во ѓубре, кесичките од зелениот чај и по подготовката на чајот можат добро да се искористат, а тие мали пакувања ќе направат многу за вашата кожа.

За очи

Изладете ги искористените кесички чај и ставете ги на очите. Ќе делува релаксирачки. Зелениот чај содржи танин и ја „собира“ кожата. Ладните кесички од зелениот чај ќе го намалат отокот околу очите и ќе ја затегнат кожата, па ќе се чувствувате одлично.

Како пилинг

Бидејќи помага во затегнување на кожата, зелениот чај одлично ќе послужи и како пилинг за кожата на лицето. Измешајте чај со кристален шеќер и вода и намачкајте на кожата со нежно триење. По пилингот, кожата ќе добие сјај, а вишокот мешавина ставете ја во фрижидер.

Маска за лице

Измешајте еднакви количини сода бикарбона, зелен чај и малку мед. Медот помага во подмладување на кожата, а зелениот чај ќе помогне да се затегне. Сода бикарбона е добра за пилинг и детоксикација на кожата. Ако брзате, загрејте ја водата и држете ја кесичката чај над неа додека испарува. Потоа исцедете го вишокот вода од кесичката и со неа тријте ја кожата на лицето неколку минути за моментален сјај на кожата.

За коса

Зелениот чај е одличен избор за миење на коса бидејќи и дава сјај. Ставете неколку зелени кесички чај во врела вода и оставете ги преку ноќ. Следното утро, нанесете ја течноста на влажна коса и оставете 10 минути. Исплакнете, шампонирајте ја косата и измијте ја како и обично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП