26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМалкумина ги виделе: Суданските пирамиди се поневеројатни од оние во Египет(фото)

Малкумина ги виделе: Суданските пирамиди се поневеројатни од оние во Египет(фото)

Со повеќе од 250 гробници, суданските наоѓалишта се многу побогати од оние “најпознатите” во Египет.

Веројатно сте слушнале за американската и босанската пирамида, но за овие пирамиди би се обложиле дека не сте слушнале!

Суданските пирамиди во Мерое се зачудувачки со нивната историја, структура и убавина, а за да уживате во оваа сцена нема да мора да се гужвате со илјадници туристи како во Египет, бидејќи суданските пирамиди сè уште не го реализирале нивниот вистински туристички потенцијал.

Мерое била престолнина на кралството Куш, со која владееле нубијските кралеви. Стари 4600 години, пирамидите во Мерое биле градени во таканаречен нубијски стил, карактеризиран со стрмни падини и мали основи.

Не само што овие пирамиди се импресивни, туку има доволно од нив за една голема фотосесија! Според некои археолози, повеќе пирамиди има во еден мал дел од суданската пустина, отколку во целиот Египет заедно.

Како египетските, така и суданските пирамиди биле изградени како гробници. Пирамидите стоеле гордо до 1880 година, кога биле многу оштетени од италијанскиот истражувач Џузепе Ферилини во потрага по скриени богатства. Додека повеќето пирамиди се обновени, некои се оставени оштетени, но сепак се зачудувачки со нивната убавина.

Поради воените конфликти, се препорачува да не патувате во овој дел од светот, но ако веќе сте на пат – дефинитивно треба да размислите да платите војници за да ве чуваат додека гледате можеби во најубавите пирамиди во светот. Тие се навистина убави – погледнете сами во фото галеријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП