19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ доби препораки за да се подготви за Европскиот систем на централни...

НБРМ доби препораки за да се подготви за Европскиот систем на централни банки

narodna

Народната банка на Република Макединија (НБРМ) ги зајакнува институционалните капацитети и го усогласува работењето согласно европските стандарди, за  при  влезот на државата во ЕУ да може да се приклучи на Европскиот систем на централни банки и на евросистемот.

Проектот со кој во изминатите  девет месеци се вршеше анализа на потребите на НБРМ во процесот на пристапување кон ЕСЦБ, заврши денеска со усовојување финален извештај на состанокот на Управниот комитет.  Утврдени се препораките за измени на Законот за централната банка и прописите, процесите и практиките, со цел НБРМ да се подготви за пристапување во ЕУ.

– Се надевам дека овој извештај ќе помогне за унапредување на развојот на стратегијата на централната банка. Всушност, ние сме убедени во тоа, бидејќи некои од препораките веќе се успешно спроведени, рече Јорг Асмусен, член на извршниот одбор на ЕЦБ по состанокот на УК на проектот, финансиран од ЕУ.

Централните банки на земјите кандидатки и потенцијалните земји-кандидатки, додаде, се привилегирани партнери за нашата техничка соработка. Во наш интерес е штом една централна банка и се приклучи на ЕСЦБ, а на крајот и на евросистемот, да може во целост да ја врши својата фунцкија во целост, истакна Асмусен.

Во однос на сегашната криза, според Асмусен, клучни се структурните реформи, финансиското закрепнување и фискалната консолидација на национално ниво.

–  Треба енергично да се спроведуваат во финансиско ранливите земји од евро-зоната. Едноставно, не постои одржлива алтернатива, препорачува Асмусен.

Гувернерот на НБРМ Димитар Богов укажа дека извештајот дава целосен приказ каде се потребни дополнителни активности. Во работата со експертите од националните банки од европскиот систем на централни банки и од Европската централна банка, веќе биле отстранети некои од увидените слабости.

– Онаму каде што треба подолг период, сите тие активности ќе бидат вградени во нашиот стратешки план за наредниот период. така што ќе може и јавноста да ги следи активностите, наведе Богов.

Одговарајќи на новинарско прашање, гувернерот посочи дека фискалната политика во изминатиот период ја поддржа економијата во период кога имаше послаба екстерна побарувачка, но дека тој простор полека се исцрпува.

– Значи, делуваше контрациклично, тој простор полека се исцрпува и Македонија мора да размислува за фискална консолидација, што значи средување на буџетските дефицити на ниво кое што нема дополнително да го зголемува јавниот долг. Значи на среден рок треба да се размислува во таа насока, рече Богов.

Според евроамбасадорот Аиво Орав, преку промовирање на стабилноста и постојано подобрување во работењето, НБРМ  има добиено заслужена репутација на една од најпочитуваните институции во државата. Со  помошта што и беше дадена во текот на проектот, НБРМ напреднала во процесот на усогласување на својата  регулаторна и оперативна рамка со централно банкарските стандарди на ЕУ.

– Со следење на препораките не само што ќе и помогне на банката да се подготви за интеграција со ЕУ, туку и да го зајакне својот капацитет да се справи со се потешките економски услови. Веруваме дека експертизата и насоките дадени преку оваа помош на крај ќе придонесат за одржување на економската и финансиката страбилност во земјата и во регионот, рече Орав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП