среда, јануари 19, 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈААдел изгледа непрепознатливо, ослабе 45 килограми за една година

Адел изгледа непрепознатливо, ослабе 45 килограми за една година

Пејачката Адел (31) изненади со драстичната трансформација. Странските медиуми објавија дека таа ослабела 45 килограми минатата година, а многумина се согласуваат дека изгледа речиси непрепознатливо. Таа дојде на забавата по доделувањето на Оскарите и многумина не ја препознаа.

На „Инстаграм“ се појави фотографија од забавата. Пејачката за таа пригода носеше тесен фустан со дезен на леопард.

Адел се подложи на строга диета во која консумира само 1.000 калории на ден и пие зелени природни сокови. Диетата ја започна по разводот од Симон Конецки (45).

Промената на Адел е многу видлива, а според пишувањата на странските медиуми, во борбата со вишокот килограми ѝ помогнале тренерите Џо Викс и Далтон Вонг. Наводно, клучот за нејзиниот успех е што таа одела на пилатес и исто така кревала тегови во салата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ НЕ

91,744фановиЗаследи
2,161следбенициЗаследи
1,419следбенициЗаследи