28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали знаете што е ретинол, витамин кој ја прави нашата кожа совршена?...

Дали знаете што е ретинол, витамин кој ја прави нашата кожа совршена? Еве каде може да го најдете!

Ретинол е една од „anti-age“ состојките за кои сигурно сте слушнале. Она што ги збунува многумина се различните имиња: ретиноид, ретинол, витамин А…

Како прво, би требало да знаете дека ретинолот е најчистиот облик на витамин А и неговиот антиоксиданс дериват. Во форма на ретинол, витаминот А најчесто се наоѓа во храната, а ретко во други форми, како што се ретинал или ретиноидна киселина.

Додека ретинолот се наоѓа само во намирници од животинско потекло, некои видови овошје и зеленчук содржат фитонутриенти наречени каротеноиди, а кои нашето тело по потреба ги претвора во Витамин А кога е потребно. Најпознатиот таков каротеноид е бета-каротин, кој се нарекува и провитамин А.

Соодветен внес на витаминот А преку храната може да помогне во борбата против разни заболувања на кожата, како и кај лузни од акни, за ублажување на хиперпигментација…

Намирници богати со витамин А се џигер (телешко месо, јагнешко месо, гуска), мрсна риба (туна, лосос, скуша, пастрмка) и рибино масло, млеко и млечни производи (масни сирења и путер), спанаќ, блитва, кељ, тиква, моркови, дињи, домати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП