26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПознати холивудски двојки кои не размислуваат за брак, иако долго време се...

Познати холивудски двојки кои не размислуваат за брак, иако долго време се заедно и имаат деца

Додека повеќето двојки едвај чекаат да ја озаконат врската, има и такви кои не гледаат ништо лошо во тоа да живеат невенчано и, едноставно, да ја одржуваат својата долга врска, пишува „Брајт сајд“.

Холивудските двојки не се исклучок, а меѓу оние што уживаат во долги врски, имаат деца и не размислуваат да стапат во брак се и Шакира и Жерард Пике. Тие имаат два сина, кои ги одгледуваат заедно и велат дека се многу среќни.

Наталија Водијанова и Антоан Арно

Манекенката Наталија Водијанова и извршниот директор на марката „Берлути“, Антоан Арно се заедно уште од 2011 година. Двојката има два заеднички сина, Максим и Роман, и три деца од првиот брак на Наталија. Тие се среќни родители на пет деца и се чини дека не брзаат да ја озаконат врската.

Ева Мендес и Рајан Гослинг

Ева и Рајан се заедно уште од 2011 година, кога двајцата глумеа во филмот „Гревови на татковците“. Тие имаат две ќерки, Есмералда и Амада, и сè уште не планираат свадба.

Голди Хоун и Курт Расел

Голди и Курт можеби се најстарата холивудска двојка што не стапила во брак. Тие се заедно уште од 1984 година, кога двајцата глумеа во ист филм. Двојката има едно заедничко дете, синот Вајат Расел и две деца од претходните бракови, синот на Расел, Бостон и ќерката на Голди, Кејт Хадсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП