25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle ја надоградува апликацијата Maps

Google ја надоградува апликацијата Maps

maps

„Google“ подготви голема надоградба на своите мапи за оперативниот систем  „Android“, а најави промени и за сите корисници на „iOS“.

Новата верзија е дизајнирана и за таблетите, вклучувајќи го и „iPad“, па така истражувањето на светот сега ќе биде значително побрзо и позабавно.

„Google“ исто така додаде и две нови функции кои на корисниците ќе им овозможат полесна навигација низ сообраќајот. Сега е можно да се видат извештаи кои се однесуваат за проблемите на патот, а новост се и алармите кои навремено известуваат доколку се појави подобар пат до саканата дестинација.

Оваа можност моментално е достапна само на „Android“, но се очекува наскоро да биде достапна и за оперативниот систем „iOS“.

Новата надоградба има и систем за оценување со пет ѕвезди со кои ви се нуди увид во тоа како вашите пријатели го оцениле местото, на пример ресторани, барови и кафулиња.

„Google“ овој пат одлучи да ја отстрани „Latitude“, а направени се и некои промени кога е во прашање „My Maps“.

Апликацијата ќе посвети и посебно внимание на отворањето на интересни дестинации, продавници, хотели и друго. Како и секогаш, останува целосно бесплатна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП