Иако за безжичното полнење се шпекулираше кон крајот на 2019 година, овие тврдења станаа доста сигурни дури сега кога од кинеска компанија пристигна и официјално соопштение дека новиот модел во Pro верзијата ќе има безжично полнење.
Со оглед дека OnePlus неодамна стана член на Wireless Power Consortium, нивниот нов уред ќе работи на Qi стандардот кој WPC го прогламира.
Некои од компаниите кои исто така се членови на оваа организација се Apple, Samsung, Huawei, Google, Sony и LG што значи дека OnePlus го направи вистинскиот потег.