19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСнимка за која зборува цел свет: Го купил часовникот во 70-тите за...

Снимка за која зборува цел свет: Го купил часовникот во 70-тите за 345 долари, а сега вреди 700 ијлади

Ветеран на американските воздухопловни сили доживеа неверојатен шок кога неговиот „rolex“, кој го купил во 70-тите години за 345 долари, проценет е на 700.000 американски долари.

Американски ветеран се појавил на шоуто „Антикс“ на Пи-Би-Ес, носејки го на саемот за антиквитети својот часовник.

Ветеран кој е поранешен член на Воздухопловните сили на САД, забележал додека бил стациониран во Тајланд во 1970-тите дека пилотите за комерцијални авиони носат часовници „rolex“, па помислил дека е добар бренд.

Неколку години подоцна, кога решил да го купи часовникот, тој го нарачал „rolex oyster cosmograph“ за 345,97 долари, што во 1974 година изнесувал колку една месечна плата на војниците.

Подоцна, кога пристигнал неговиот часовник, ветеранот одлучил дека часовникот е премногу убав за да нурка со него, па дури и да го носи на секојдневни прилики. Потоа, тој одлучил да го однесе на безбедно место и го оставил во сеф, заедно со оригиналната кутија, пакувањето и документите.

“Rolex Daytona”, како што е познат часовникот, многу е баран од колекционерите од повеќе причини, меѓу другите, затоа што Пол Њуман носел сличен модел во филмот Вининг.

Сепак, часовникот што го донел ветеранот се сметал за еден степен подобар затоа што неговиот модел има подобра отпорност на вода, и затоа носи ознака „oyster“ (остриги), што го прави исклучително редок примерок.

Бидејќи никогаш не го носел, целата хартиена ознака со серискиот број останала на задниот дел од куќиштето, што обично брзо избледува од носење. Покрај тоа, тај имал оригинално пакување и кутија, заедно со совршено зачувана документација.

Поради сето ова, и зголемената побарувачка за моделот во последните години, трговецот на антиквитети проценил дека часовникот може да достигне помеѓу 500.000 и 700.000 американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП