Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 13,343.68 0.34%    BESK 7,500.00 0%    FUBT 1,200.00 9.09%    GRNT 1,180.00 0.06%    KMB 7,647.14 0.3%    OKTA 4,700.00 3.3%    REPL 79,990.12 1.25%    RMDEN18 98.70 0%    SBT 3,000.00 0%    STIL 92.00 0%    TETE 2,250.00 0%    

Познати жртвите во несреќата во која загина Коби Брајант

Време: 12:31

Датум: јануари 27, 2020

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во тешка хеликоптерска несреќа во неделата, во Калифорнија загина кошаркарската легенда Коби Брајант (41).

Покрај него, животот го загубија и осум други лица. Несреќата се случила околу 9:47 минути по локално време.

Една од жртвите е идинтификувана како 13-годишната Џијана, една од четирите ќерки на Коби Брајант.

Загинало уште едно девојче, Алиса, која била соиграч на Џијана во нивниот кошаркарски тим. Таа била придружувана од нејзините родители, Џон Алтобели и Кери Алтобели. Џон имал 56 години и работел како тренер за бејзбол на колеџ во округот Оринџ. Тој и сопругата ја придружувале нивната ќерка на натпревар кој требало да се одигра напладне.

Ќерката на Брајант, Џијана, и Алиса Алтобели заедно играле кошарка за академијата „Мамба“. Алтобели редовно патувал на натпреварите на неговата ќерка.

Подоцна се дозна дека меѓу загинатите е Кристина Маузер, кошаркарска тренерка во приватно училиште во округот Оринџ.

„Децата и јас сме уништени. Ја загубивме нашата прекрасна сопруга и мајка. Молиме да ја почитувате нашата приватност. Благодарни сме за сите пораки за поддршка, многу ни значат во овие тешки моменти“, напиша нејзиниот сопруг Мет на „Фејсбук“.

Според Си-би-ес Лос Анџелес, во хеликоптерската несреќа загинале и Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон, а пилотот е идентификуван како Ара Зобајан, пренесува хрватски „Индекс“.

Причината за несреќата на хеликоптерот сè уште се истражува. Но, она што е познато е дека на летот имало многу проблеми. Времето било лошо, речиси ништо не се гледало поради магла.

Пилотот често ја менувал висината и бил предупреден дека лета премногу ниско. Тој планирал да слета на аеродромот во Бурбенк, но кружел околу 15 минути, чекајќи дозвола за слетување поради лошото време и другите летала кои требало да слетаат на аеродромот.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Банката на Англија пушти во промет нови банкноти од 20 фунти

    Банката на Англија пушти во промет нови банкноти од 20 фунти

    Нова банкнота од 20 фунти со ликот на уметникот Вилијам Тарнер ќе се појави од утре во банкоматите и платниот промет во Велика Британија. Оваа…

  • Сопственичка на онлајн продавница е најбогатата Русинка

    Сопственичка на онлајн продавница е најбогатата Русинка

    Најбогатата жена во Русија е Татјана Бакалчук, сопственик и основач на интернет продавницата Wildberries, објави денеска магазинот Forbes. Нејзиното богатство, според Forbes достигнало 1,4 милијарди…

  • Како правилно да ја наместите столицата за да не ви страда ‘рбетот додека седите

    Како правилно да ја наместите столицата за да не ви страда ‘рбетот додека седите

    Дури и користењето на скапа столица која држи идеална положба на тело во текот на подолг период, не значи дека нема да чувствувате болка во грбот.…

  • Samsung им испрати чудна нотификација на своите корисници

    Samsung им испрати чудна нотификација на своите корисници

    Од утрово, интернетот е преплавен со информации како Samsung им испратил на своите корисници чудна нотификација преку апликацијата Find My Mobile. Сè уште никој не…

  • Нова понуда за станбен кредит на Охридска банка: Станбен кредит на Охридска банка со 10 години фиксна каматна стапка од 3,5 %

    Нова понуда за станбен кредит на Охридска банка: Станбен кредит на Охридска банка со 10 години фиксна каматна стапка од 3,5 %

    Од денеска, Охридска банка го збогатува своето портфолио на производи со нов тип на станбен кредит, овозможувајќи им на своите клиенти уште поповолни услови; најдолго…

  • Електричен Порше целосно изгоре, а никој не ја знае вистинската причина за пожарот(видео)

    Електричен Порше целосно изгоре, а никој не ја знае вистинската причина за пожарот(видео)

    Минатата недела, во гаража во куќа во јужна Флорида изгоре Порше Тајкан. Покрај губиток на автомобилот, сопственикот се соочува и со оштетување на домот кој…

  • Нови грешки на авионите на Boeing

    Нови грешки на авионите на Boeing

    Boeing 737 MAX се соочува со потенцијални нови безбедносни проблеми. Поточно, пронајдени се пукнатини во резервоарите за гориво на неколку нови авиони кои се наоѓале во…

  • А1 Македонија за деловните корисници: A1 Business, подарок таблет и Office 365

    А1 Македонија за деловните корисници: A1 Business, подарок таблет и Office 365

    Со цел засилување на процесот на дигитална трансформација како и флексибилно работење, А1 Македонија го збогатува своето портфолио со нова понуда за деловни корисници на…

  • Просечната плата во декември 26.836 денари

    Просечната плата во декември 26.836 денари

    Просечната нето плата исплатена по вработен во декември 2019 година изнесува 26.836 денари, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци просечната месечна исплатена нето-плата…

  • Шпанија воведува дигитален данок: Годишно очекуваат околу милијарда евра приход

    Шпанија воведува дигитален данок: Годишно очекуваат околу милијарда евра приход

    Шпанија има намера да воведе нов данок кој ќе го плаќаат претежно големите дигитални компании како Google, Amazon и Facebook, изјави министерката за финансии, Мариа…