24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNote III пристигнува во четири верзии?

Note III пристигнува во четири верзии?

note

„Samsung“ е познат по тоа што сака да претставува различни верзии на еден ист уред се со цел да привлече поголем број на корисници. Според најновите информации компанијата најверојатно планира својот уред „Note III“ да го претстави во четири различни верзии во истовреме.

За разлика од другите паметни модели, различните уреди нема да имаат други имиња за полесно да се разликуваат како „Galaxy S4“ и „S4 mini“.

Сите нови уреди ќе бидат „Note III“ модели и ќе бидат претставени во исто време.

Помеѓу себе ќе се разликуваат по големината на екранот, видот на екранот, камерата и материјалот од кој се направени.

Клучните компоненти како што се процесорот и меморијата ќе бидат идентични кај сите четири модели.

Погледнете ги спецификациите на сите четири уреди:

Верзија 1 – ќе поседува квалитетно куќиште од метал, камера од 13 мегапиксели и некршлив „AMOLED“ екран.

Верзија 2 – ќе има пластично куќиште, камера од 13 мегапиксели и обичен „AMOLED“ екран.

Верзија 3 – ќе има пластично куќиште, камера од 13 мегапиксели и „LCD“ екран.

Верзија 4 – ќе има пластично куќиште, камера од 8 мегапиксели и „LCD“ екран.

Судејќи според различните видови на екрани се претпоставува дека различните верзии ќе имаат и различни димензии на екранот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП