Пецкање, гребење и потешкотии при голтањето се само некои од симптомите на болка во грлото кои оваа напивка може да ги реши. Комбинацијата на мед и лимон е најпознатата комбинација која многу луѓе ја консумираат додека се настинати. Доколку имате било каков вид на настинка, кашлица или болки во грлото, оваа мешавина ќе ви помогне да се чувствувате подобро и да оздравете што е можно поскоро.
Потребно ви е:
1 чаша вода
сок од 1 лимон
1-2 лажички мед
изрендан ѓумбир
Начин на подготовка:
Загрејте 250 ml вода. Исцедете сок од еден лимон и додадете го во чаша заедно со ренданиот ѓумбир. Додадете и мед и добро измешајте. Прелијте со топла вода и повторно добро измешајте.
По желба процедете го напитокот од ѓумбир и испијте го додека е топол. Покрај сите лековити својства, лимонадата со мед и ѓумбир исто така има прекрасна арома и вкус кој веднаш ќе го засакате.