20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ5G поддршка и флексибилност на телефонот? Експертите го најавуваат iPhone 12

5G поддршка и флексибилност на телефонот? Експертите го најавуваат iPhone 12

Се очекува дека IPhone 12 ќе биде објавен во септември, а ако се верува на експертите, се чини дека ќе биде најнапредниот досега.

Експертите велат дека новиот производ на компанијата Apple може да има неколку нови карактеристики, од кои најзначајна е поддршката за 5G мрежата.

„Очекуваме следниот модел да биде објавен во септември. Дефинитивно ќе има поддршка за 5G технологија, што ќе биде голема надградба во однос на претходните модели“, изјави Бен Вуд, експерт од компанијата CSS Insight.

Неколку конкуренти, вклучувајќи Samsung, Huawei и OnePlus веќе запловија во 5G водите со своите нови модели.

Некои аналитичари сметаат дека новиот iPhone би можел да чини значително повеќе, во случај да поддржува две брзини на 5G интернетот.

“Би било големо изненадување ако 5G не биде вклучен, но најголемото прашање е дали ќе поддржува sub-6GHz и mmVave. Ако и двата имаат поддршка, тоа може да ја зголеми цената”, изјави Паоло Пескаторе, аналитичар од компанијата PP Foresight.

Тој, исто така предвидува дека телефонот ќе добие подобар процесор, повеќе простор за складирање и значително подобрена камера.

Уште една новина што се предвидува е флексибилен телефон – нешто што полека го воведуваат Huawei и Samsung.

Инсајдерите од компанијата соопштија дека Apple поднел патент за овој дизајн, па затоа е многу можно дека ќе дознаеме повеќе за тоа до крајот на годината, објави The Sun.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП