20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали прекумерната хидратација може да влијае на менталното здравје?

Дали прекумерната хидратација може да влијае на менталното здравје?

Дехидрираноста може да предизвика главоболки и неколку физиолошки проблеми, а во ризичната група спаѓаат првенствено старите лица.

Се поставува прашањето дали прекумерната хидратација може да влијае на менталното здравје, а со тоа се занимавала новата студија. Дехидрацијата може да предизвика главоболка, летаргија, вртоглавица и многу други состојби, во зависност од тоа колку е сериозна.

„Како што старееме, нашите залихи со вода опаѓаат поради намалување на мускулната маса, нашите бубрези тогаш послабо задржуваат вода, а хормоналните сигнали кои предизвикуваат жед и го мотивираат внесот на вода стануваат пригушени“, објаснила д-р Хилари Бетанкорт.

Постарите луѓе, исто така имаат поголем ризик од когнитивно оштетување. За да го измерат нивото на хидратација на секој учесник, истражувачите во нивната крв разгледувале концентрација на разни супстанции и соединенија, вклучувајќи натриум, калиум, гликоза и азот уреа. Сите учесници ги поминале тестови за когнитивната функција.

На прв поглед, истражувачите пронашле поврзаност помеѓу соодветната хидратација и добрите резултати на тестовите за когнитивната функција.

Меѓутоа, резултатите станале помалку јасни кога истражувачите ја прилагодиле својата анализа на збунувачките фактори.

„Кога ги пресметавме годините, образованието, часовите на спиење, нивото на физичка активност и статусот на дијабетес и ги анализиравме податоците одделно за мажи и жени, поврзаноста со хидратацискиот статус и внесот на вода е намалено“, изјави д-р Бетанкорт.

Иако поврзаноста помеѓу нивото на хидратација и когнитивните перформанси кај постарите мажи останува мистерија, коавторот на студијата, професор Ашер Росингер советува дека возрасните не би требало да го ризикуваат своето здравје и да ја занемарат правилната хидратација на телото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП