30 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапото шише вино во светот чини 35.000 евра

Најскапото шише вино во светот чини 35.000 евра

Најскапото вино на светот во 2019 година не беше ниту италијанско ниту француско, туку вино од Унгарија.

Дваесет шишиња, по литар ипол, ја сочинуваат унгарската ексклузивна колекција Royal Tokaji „Essencia“, а едно шише од таа колекција чини 35.000 евра.

Ова слатко вино се произведува на североистокот на Унгарија, а виното е направено од бербата во 2008 година.

Шишињата се дизајнирани од уметникот Џејмс Каркас, а секое од нив има чеп специјално направен токму за нив во Португалија.

Рок на траење им е до 2300-та година. Досега се продадени 11 шишиња од таа колекција.

Цената е одредена од голем број фактори, вклучително и „благородната мувла“, која е одговорна за уникатниот вкус на тоа вино.

За ова вино производителите велат дека не би можеле повторно да ја произведат неговата уникатна арома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП