20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBMW под истрага: Фиктивна продажба за подобри резултати?

BMW под истрага: Фиктивна продажба за подобри резултати?

Американската Комисија за хартии од вредност (SEC) започна истрага против германскиот производител на автомобили BMW.

Истрагата е покрената поради двосмислени продажни практики, во кои се “пумпаат” податоците за бројот на продадени автомобили, јавуваат американските медиуми.

Според магазинот Wall Street Journal, SEC ги проверува комерцијалните практики на BMW во САД, за да утврди дали компанијата со помош на овластени дилери, се обидува да ги „разубави“ податоците за бројот на продадени автомобили.

Американските регулатори се сомневаат дека BMW со помош на дилери ги “пумпал” податоците за продажба, така што трговците понекогаш купуваат возила од сопствен фонд и ги користат за изнајмување.

Производителите често им нудат бонуси за таквите практики, за да го подобрат бројот на продадени автомобили.

„SEC не контактираше и во целост ќе соработуваме во нивната истрага“, изјави соговорникот за Wall Street Journal.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП