28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој човек во Македонија пие по 27 литри пиво годишно

Секој човек во Македонија пие по 27 литри пиво годишно

Mug of beer close up on wooden table

Во Македонија се трошат околу 550 илјади хектолитри пиво годишно, или 27 литри по глава на жител, што е помалку во споредба со другите земји од регионот, вели генералниот директор на Пивара Скопје Јаак Микел за хрватски Бизнис плус.

За споредба, во Словенија и во Хрватска конзумирањето на пиво по глава на жител е 80 литри годишно.

– Сегментот на пиво во Македонија сега е стабилен, но се уште се троши значително помалку отколку во 2008 година пред кризата и промената на домашното законодавство во делот на продажба на алкохолни пијалоци, вели Микел.

Според него, главниот потенцијал за раст е во зголемување на потрошувачката на пиво по жител и поголема атрактивност на целиот сегмент на широката база на потрошувачи.

Пивара Скопје е најголем производител на пиво и безалкохолни пијалоци во Македонија пред пиварниците во Прилеп и Битола и држи околу 50 отсто од пазарот на пиво во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП