29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСостојбата во Италија конечно подобрена

Состојбата во Италија конечно подобрена

 

Италија денеска објави дека во октомври остварила суфицит од 1,5 милијарди евра во трговската размена со земјите надвор од Европската унија.

Тоа претставува голем напредок во однос на дефицитот од 657 милиони евра во истиот месец во 2011 година.

Податоците од италијанскиот завод за статистика покажуваат дека во октомври извозот се зголемил за 0,7 проценти на месечно ниво, а увозот за 1,1 процент. На годишно ниво италијанскиот извоз во октомври е зголемен за речиси 17,2 проценти, додека истовремено се зголеми и увозот за 2,3 проценти.

Главните пазари за извоз на Италија , не сметајќи ги државите во ЕУ, беа членовите на Организацијата на земји извозници на нафта, Јапонија и членовите на Здружението на земји од југоисточна Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП