26 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМистичното овошје на римските војници! Вкусот е киселкасто-сладок, а лековитите својства се...

Мистичното овошје на римските војници! Вкусот е киселкасто-сладок, а лековитите својства се користат веќе илјадници години!

Потекнува од југозападна Азија и југоисточна Европа. Во регионот на Каспиското езеро, односно северен Иран, се одгледува околу 3.000 години. Во Грција е донесена околу 700 п.н.е, а во Рим околу 200 п.н.е.

Овошје кое е неправедно запоставено, а поради неговите лековити својства се користи веќе илјада години. Со воведување на модерно овошје, зеленчук и зачини, заборавивме на мушмулата.

Се користат лисјата, кората, цветот, семето и зрелиот плод на мушмулата. Плодовите се одличен лаксатив и деуретик, го смируваат воспалението на желудочната слузница. Пектинот кој се наоѓа во ова овошје помага во намалување на холестеролот, го запира крварењето, го подобрува видот и има корисен ефект врз кожата и косата.

Во народната медицина, кората на мушмулата се користи за лекување на маларија, а оваа билка е распространета ширум светот. Може да издржи температури и до 36 степени под нулата.

Иако релативно добро ја поднесува сушата, топлата медитеранска клима не е погодна за одгледување на ова растение.

Постојат четириесет до педесет видови кои меѓусебе се разликуваат по големина и облик на овошјето и по количината на семе во овошјето.

Плодовите се многу вкусни, киселкасто-слатки. Созреваат од втората половина на октомври до крајот на декември. Богати се со разни минерални соли, пектини, органски киселини и витамини, кои имаат корисен ефект врз човечкото тело.

Билка на римските војници

Тоа било многу значајно овошје за време на римската империја и средниот век. Римјаните ја ширеле мушмулата низ Европа, прво низ Италија и Грција, каде многу добро се приспособила. Откриено е дека римските војници саделе мушмула во своите воени логори.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП