4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ5 европски градови идеални за празнично викенд патување

5 европски градови идеални за празнично викенд патување

Викендите во текот на декември се идеално време да отпатувате некаде со пријателите или со семејството. Затоа ви носиме предлог за неколку европски градови до кои со возење можете да стигнете и уживате во прекрасна празнична атмосфера. Избравме 5 градови совршени за продолжен празничен викенд.

Виена

На само десетина часа возење ве чека вистинска австриска празнична авантура. Виена за време на празниците е вистински спој на еуфорија и историја, што го прави еден од најатрактивните градови за време на празниците. На улиците во Виена можете да купите прекрасни сувенири, да пробате различни специјалитети, како и да учествувате во празнични работилници.

Прага

Ако сè уште не сте ја посетиле Прага, годинешните празници се совршена можност за тоа. Покрај вкусната храна и пијалоци, ќе можете да посетите и бројни музеи, но и да уживате во празничниот дух. Со оглед на тоа дека во текот на зимата Прага ја посетуваат туристи од целиот свет, позитивната енергија е сеприсутна, а добриот престој е загарантиран.

Познан

Познатиот полски град е идеален за празничен викенд одмор. Минатата година за прв пат е организирана празнична декорација и веднаш влезе во списокот на 10-те најубави европски дестинации. Посебен дел од центарот на градот е особено посветен на мразот, бидејќи тука се одржува фестивал на скулптури со мраз, на кој учествуваат уметници од целиот свет.

Будимпешта

Град украсен со светла, бесплатно лизгање, како и вкусни колбаси се неизоставен дел од авантурата во Будимпешта. Таму базарот е организиран околу катедралата, каде е сместена големата елка. Со оглед на тоа што се пристигнува за помалку од десетина часови, ова е идеална дестинација за викенд патување.

Лајпциг

Во Лајпциг се крие една од најстарите празнични магии во Европа, но и во Германија. Градскиот плоштад се претвора во празнична идила. Атмосферата е пријатна, празнична и пријателски настроени луѓе ќе ве пречекаат и ќе ви понудат неколку домашни специјалитети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП