2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПосетете го најголемиот и најмагичниот снежен лавиринт во светот

Посетете го најголемиот и најмагичниот снежен лавиринт во светот

Многу Европејци слушнале за Закопане, мал град во Полска, кој честопати се нарекува зимски главен град на оваа земја…

Станува збор за популарна дестинација за зимски спортови, како и за зимски туризам, бидејќи во целост претставува спектакуларно зимско одморалиште. Сепак, мора да признаеме дека овој дел од светот не е познат само по тоа – Закопане е дом на најголемиот снежен лавиринт, со кој би се гордеел и Стенли Кјубрик. Гигантскиот лавиринт е поголем од десет тениски игралишта, а се состои од 60.000 ледени блокови.

Неговата изградба траела околу еден месец, вклучувајќи околу 50 работници и шеесет ледени блокови, а крајниот резултат е вистинска зимска земја на чудата. Волшебната ледена структура содржи и снежен замок од 16 метри, кој е исполнет со простории со скриени богатства и ледени склуптури.

Кога ноќта паѓа, лавиринтот е осветлен на многу интересен начин, поради кој ќе помислите дека сте го напуштиле светот на реалноста и се најдовте во свет на бајките. Snowlandia, како што се нарекува оваа атракција, стана огромен хит меѓу туристите кои уживаат скитајќи во лавиринтот, набљудувајќи ги прекрасните скулптури направени од уметници од Полска и Словачка.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП