19 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета со мед која гарантира резултати

Диета со мед која гарантира резултати

Поради големиот број на хранливи состојки, медот треба да се консумира секој ден, а каков е за држење диета – дознајте сами! Нутриционистите советуваат пред почетокот на диетата да купите и користите мед со докажан квалитет, а предност има темниот мед.

Ако ја следите оваа диета, можете да изгубите 2 до 3 килограми за само 3 дена!

Прв ден

Доручек: 2 жолчки од јајце измешајте со лажичка мед. Со оброкот пијте чај со лимон или кафе (без шекер).

Ручек: 100 грама сирење + 50 грама варени моркови + 50 грама варена брокула + 50 грама варен карфиол. Сето ова измешајте го и направете смеса. Додаток – чај или кафе со 1 лажичка мед.

Вечера: чаша бистра супа од зеленчук, парче интегрален леб и 1 јаболко/круша/портокал.

Пред спиење, испијте чај со лимон.

Втор ден

Доручек: исто како првиот ден.

Ручек: Направете смеса од едно меко варено јајце, лажица мед и 100 грама свежо сирење. Со оброкот пијте чај со лимон или кафе.

Вечера: 150 грама риба или пилешко филе, мала чинија салата од зеленчук и чај од лимон.

Трет ден

Доручек: исто како првиот ден + едно јаболко.

Ручек: 50 грама сирење, парче ржан леб и сад со свеж зеленчук со сок од лимон.

Вечера: 300 грама варен зеленчук, едно меко варено јајце и чаша чај со една лажица мед.

Забелешка: Секој ден задолжително да јадете половина лимон!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП