Луксузното пенкало Оноре де Балзак ќе биде достапно за продажба од август 2013 година, по цена од 1.000 американски долари.
Од овој август компанијата „Montblanc“ му одава почит на еден од најдобрите писатели на сите времиња, претставувајќи го ова луксузно пенкало кое го носи неговото име.
Балзак како писател секогаш најголемо внимание посветувал на деталите, на ист начин, при изработката на ваквата лимитирана серија на пенкала, најголемото внимание е посветено на деталите.
Пенкалото со својот голем облик го отсликува смелиот став на Балзак, а куката која е украсена со тиркизна боја на врвот го симболизира богато украсениот бастун на Балзак.
Серијата на овие луксузни пенкала е лимитирана, таа изнесува 777 луксузни пенкала, кои можат да бидат ваши само со претходна резервација.