2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДневница од 220.000 долари

Дневница од 220.000 долари

TV After Oprah

Елен Дегенерес е една од најпопуларните водителки на шоу програми во САД во моментов. Според списанието Форбс таа добива 63 милиони долари годишно.

За последните 6 години нејзината плата забележа значителен раст. Во 2007 – 2008 година таа добиваше 20 милиони долари, во 2009 – 2010 година најзината плата скокна на 55 милиони долари. Во 2010 – 2011 година добиваше 45 милиони долари, а за 2011 – 2012 година таа зема 53 милиони долари.

Последниот нејзин договор изнесува 63 милиони долари за една година или 5.25 милиони долари месечно, или 1.2 милиони долари неделно или 220.000 долари на ден!

Елен ја започна својата кариера како комичар во Њу Орлеанс. Потоа се пресели во Холивуд и ја започнува својата прва ситкомедија Елен во 1994-та година. Ова шоу имаше 4 сезони и се пренесуваше на телевизискиот канал „ABC“. Во 2003-та година го започна своето шоу „The Ellen DeGeneres Show“ кое е едно од најуспешните во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП