28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFacebook има свој пребарувач - Graph Search

Facebook има свој пребарувач – Graph Search

20130708.vycgmniamy

Социјалната мрежа „Facebook“ почна постепено да го активира својат пребарувач „Graph Search“. По неколку месеци на бета-тестови, тој е подготвен за масовно користење, соопштува интернет изданието „The Verge“. Први кои ќе можат да ја користат новата услуга ќе бидат корисниците од САД, како и сите кои ја користат американската верзија на социјалната мрежа.

Пребарувачот беше пуштен пробно во јануари, а како главна цел беше да се слушнат рецензентите на потрошувачите.

Оттогаш досега пребарувачот подобро ги „разбира“ зборовите. Веќе е способен да бара во поголем опсег на информации и потенцијалните одговори и не се фокусира само на можно конкретната информација.

Сепак „Graph Search“ се уште не е завршен, останува тој да се научи да разбира синоними и слични теми, како и да бара информации во статусите. Пребарувачот нема верзија за мобилните уреди и не е интегриран со други апликации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП