9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦентрална и Источна Европа се рај за Lidl

Централна и Источна Европа се рај за Lidl

Lidl остварува огромни профити во своите маркети во Централна и Источна Европа, покажува извештајот на LZ Retailytics. Се проценува дека профитот на Lidl во нивниот „источноевропски“ бизнис двојно се зголемил во последните години.

Lidl според овој извештај, заработил 723 милиони евра во 2017/2018 година, што е многу повеќе отколку што во тие земји заработил во 2014/15 година – 384 милиони евра.

Источноевропските продавници на Lidl во просек заработија околу 6,8 милиони евра во 2017/18 година. Lidl во тој период остварил нето продажба од 11 милијарди евра во регионот, што претставува 15 проценти од вкупната европска продажба, објави LZ Retailytics.

Lidl на тој начин зајакна во „борбата“ против Aldi, кој е присутен во три земји во регионот, додека Lidl има продавници во десет земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП