28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПетта сила во вселената?

Петта сила во вселената?

Унгарските физичари открија нови докази за постоење на петта фундаментална сила во вселената.

Атила Кражнахоркај од Институтот за нуклеарни истражувања ATOMKI и неговите колеги со години го проучуваа радиоактивното распаѓање на нестабилниот изотоп берилиум-8, а во 2016 година објавија дека наишле на невообичаено откритие – можно е да го предизвикува непозната честичка.

„Доколку се утврди дека постои, тоа би отворило нова насока во физиката на честички. Имено, X17 би можел да биде врска помеѓу обичните и темните материи“, смета тој.

Сега, истиот истражувачки тим откри уште една аномалија, овој пат во енергетска транзиција при возбудена состојба на јадрото на хелиумот, и верува дека таа укажува на постоење на истата, мистериозна честичка.

Во физиката, денес традиционално се разликуваат четири основни интеракции, четири фундаментални сили: гравитациска, електромагнетна, слаба и силна нуклеарна сила. Првите две одамна се познати и лесно може да се набудуваат и на големи растојанија.

Другите две се видливи само на растојанија во атомски размери.

Унгарските физичари пресметале дека новата честичка има маса од околу 17 мегаелектрони, што е околу 33 пати поголема маса од оние кои имаат електроните. Честичката затоа ја именуваа – X17.

Физичарот Џонатан Фенг, од универзитетот во Калифорнија, смета дека честичката X17 може да реагира само со неутрони, во спротивно би била откриена претходно во други лабораториски експерименти. Но, за тоа да би било вистина, не може да користи некоја позната природна сила. Наместо тоа, мора да комуницира преку сила која не е поврзана со гравитацијата, електромагнетизмот или двете познати нуклеарни сили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП