10 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрактичната myType тастатура

Практичната myType тастатура

photo-main

Преносната „Bluetooth“ тастатура наречена „myType“, чија кампања се уште трае на сервисот „Kickstarter“, ви овозможува да се посветите на работата каде и да сте.

Овој додаток за паметните телефони и таблети е дело на Брун Ројсден. Интересно е што тастатурата „myType“ без никаков проблем може да ја собере во вашиот џеб. Преку „Bluetooth“,  „myType“  може да се поврзе со компатибилните уреди како што се „iPhone“,„iPad“, „iPod Touch“, како и компјутери и таблети кои работат на оперативните системи „Android“ и „Windows 8“.

160887106551d82d9c28b14368517084_640x439

На корисниците оваа тастатура им нуди оптимална функционалност како и тастатурата на компјутерите. Кога не е собрана, тастатурата е долга 30 см, а има и „USB port“ за полнење. Нејзината батерија трае осум часа, отпорна е на вода и има максимален домет од 10 метри.

Црна, бела, сина, зелена и розе боја се боите во кои може да се набави оваа тастатура.

Иако кампањата на „Kickstarter“ трае уште еден месец, досега не само што е собрана сумата од 10.000 долари, туку е веќе двојно поголема. Се уште не е позната цената по која ќе се продава овој додаток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП