Саудиска Арабија прелиминарнo ја процени државната нафтена компанија Aramco на 1,7 трилиони долари, пренесува Reuters.
Нафтениот гигант објави нов извештај пред иницијалната јавна понуда на акции (IPO), кој за 1,5 процентен удел сака да собере 25 милијарди долари.
IPO-то на најпрофитабилната компанија во светот би можела да биде најголема во историјата.
Меѓутоа, вредноста на компанијата е сè уште нешто помалку од 2 трилиони долари за кои се надеваше саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.
„Првата понуда ќе содржи 1,5 проценти од акциите“, соопшти државниот енергетски гигант, кој цената на акциите ја одреди на осум до 8,5 долари.
Доколку сите акции се продаваат по највисока цена, би требало IPO-то на државата да и донесе 25,6 милијарди долари и да ги престигне рекордните 25 милијарди долари кои во 2014 година ги постигна гигантот за интернет трговија Alibaba.
Акциите ќе можат да ги купат индивидуални инвеститори и големи институции.
Aramco првично планираше во два наврати да продаде околу пет проценти од акциите, два проценти на домашната берза Tadawul, а потоа три проценти на меѓународните пазари.
Во компанијата велат дека досега немаат планови за меѓународна продажба и дека таа цел за која долго време се зборува, засега е „на мраз“.
Принцот Мохамед сака со продажбата на удел во Aramco да собере милијарди долари за диверзификација на саудиската економија од нафта во неенергетска индустрија.