28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПесочна дина висока 170 метри: До врвот за еден час, до подножјето...

Песочна дина висока 170 метри: До врвот за еден час, до подножјето за неколку минути(фото)

Прошетката низ пустина за многумина е интересно доживување поради песочните дини што се издигаат, а во пустината Намиб во јужниот дел на Африка има една која е висока речиси 170 метри и која туристите ја обожуваат.

Доколку сакате да видите спектакуларни песочни дини, барем еднаш во животот треба да ја посетите Сосусвлеи во Намибија. Во југоисточниот дел на пустината Намиб се наоѓаат некои од најубавите и највисоки дини во светот, создадени од песок стар пет милиони години.

Дините имаат карактеристичен црвеникав сјај затоа што песокот содржи оксиди на железо.

Дината 7 се смета за највисока песочна дина во светот, а е висока 383 метри. Сепак, туристите многу повеќе ја сакаат дината 45, која го добила своето име затоа што е оддалечена 45 километри од патот што ги поврзува Сестрим и Сосусвлеи.

Исто така е наречена „биг деди“ и е висока околу 170 метри. За да стигнете до врвот на таа намибиска дина, потребни ви се минимум 40 минути или просечно околу еден час. Од друга страна, од неа може да слезете за 5 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП