26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНауката пресуди - ова се најубавите автомобили во изминатата деценија

Науката пресуди – ова се најубавите автомобили во изминатата деценија

Сите знаеме дека убавината е во окото на гледачот, затоа не е благодарно да се донесат конечни пресуди за естетските вредности на автомобилот – освен ако науката не се меша.

Затоа британскиот Carwow одлучи со помош на математички критериуми да утврди кои се најубавите автомобили во изминатата деценија. На популарниот автомобил применет е таканаречен „златен пресек“ за кои античките Грци тврделе дека е услов за физичко совршенство и го забележувале насекаде во природата.

Според тој критериум, најубав автомобил во изминатата деценија е Smart ForTwo Cabrio за 2016 година, бидејќи неговото преклопување со „златен пресек“ е дури 98,83 проценти.

Во првите 5 влегоа уште Volkswagen Up! од 2011 година (98,62 проценти), Opel Mokka од 2016 година (98,57 проценти), Toyota Corolla од 2019 (98,56 проценти) и Nissan Micra од 2013 година (98,55 проценти).

Ако се прашувате каде се наоѓаат супер автомобилите како Ламборџини, тие се скоро на дното, некаде околу 500-тото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП